Дигитализација, е-услуги – предности и недостатоци
Tимот на АГТИС денес беше во Oпштина Долнени каде реализира дел од едукативните работилници кои се дел од проектот „Ѕидај на стабилни темели“.
Денешните работилници беа спроведени со ученици од гимназијата Преродба-Рилиндја.
„ Целата на овие настани е да се подигне мотивираноста и оперативните вештини за користење различни видови електронски услуги, кои владата,, општините и институциите ги нудат на своите електронски асети. Покрај употребата на е-услугите посебен акцент ставаме на безбедноста, начини да се препознае, да се реагира и да се спречи дигитално насилство врз жени и девојчиња.
Главна порака на настанот беше – Каде и да се случи насилство, не мора да го трпите, можете да го пријавите и да го спречите.
Што е дигитално насилство (сајбер малтретирање)? Интернет насилството е секоја форма на насилство што се јавува преку употреба на дигитални технологии. Може да се одвива на социјалните мрежи, апликациите за пораки, платформите за игри и мобилните телефони. Тоа е повторувачко однесување наменето да го исплаши, налути или засрами лицето кое е нападнато.
Примери за дигитално насилство се:
• ширење невистини или објавување засрамувачки фотографии од некого на социјалните мрежи
• испраќање закани преку платформи за пораки
• имитирање и испраќање несоодветни пораки до други во име на други.
Насилството во живо и онлајн насилството често може да се појават рамо до рамо. Сепак, сајбер-малтретирањето остава дигитален запис кој може да послужи како доказ кога се запира.
Преку овај проект и центарот за поддршка на е-услуги продолжуваме со едукативните работилници и настани со цел зголемување на мотивираноста и оперативните вештини за користење различни видови електронски услуги, кои владата, општините и институциите ги нудат на своите електронски асети. Покрај употребата на е-услугите посебен акцент ставаме на безбедноста, начини да се препознае, да се реагира и да се спречи дигитално насилство врз жени и девојчиња.