Филмска вечер со македонскиот хит „Диџеј Ахмет“ во кино „Мис Стон“
На 14 октомври (вторник) со почеток во 19:30 часот, во кино „Мис Стон“ ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, кој моментно важи за едно од највпечатливите остварувања на домашната филмска сцена.
Филмот е режиран од Георги М. Унковски, а трае 100 минути и е наменет за публика над 12 години.
Во главните улоги настапуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Мехме и Дора Акан Златанова.
„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.



