Независни со презентација на програмата за Прилеп
Кандидатот за градоначалник на Прилеп од групата граѓани „Независни“, Борче Чупетрески, заедно со својата советничка листа, ќе ја презентира програмата за работа на Општината. Настанот ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, со почеток во 12 часот под Градскиот саат.
Со мотото „Град за нашите деца“, Чупетрески најавува проекти и иницијативи кои, според него, треба да донесат подобар квалитет на живот за граѓаните и поуспешен развој на општината.
Сите заинтересирани граѓани се поканети да присуствуваат и одблизу да се запознаат со програмата и визијата на кандидатот и неговиот тим.


