Настан за поддршка на здравјето и свесниот избор на храна
Во духот на здрави навики и заедничка грижа, Сина револуција и Здружение Центар за едукација и развој ги покануваат граѓаните на настан посветен на поддршка на здравјето и свесниот избор на храна.
Сабота, 27 септември, од 10:00 до 14:00 часот, кај Саат-кулата.
Настанот ќе обедини две важни цели:
- Грижа за здравјето – Посетителите ќе можат бесплатно да ја проверат гликемијата, витаминско-минералниот статус и да добијат совети за превентивна грижа. Ќе бидат понудени и практични препораки за подобра грижа за телото, како за лицата со дијабетес, така и за сите кои сакаат да живеат поздраво.
- Здрава исхрана за посилен живот – Ќе се споделат совети за влијанието на правилната исхрана врз здравјето, едноставни рецепти и идеи за практична и балансирана исхрана.
Целта на овој собир е да се создаде заедница која преку информираност и здрави навики ќе го прифати здравиот начин на исхрана како стил на живот. Организаторите порачаа дека денот ќе биде посветен на знаење, инспирација и поддршка, со порака дека секојдневно можеме да направиме мал избор кој носи голема промена за нашето здравје и благосостојба.
Со заедничка вклученост, можеме да изградиме средина во која здравата исхрана е прифатена како стил на живот, а не како обврска.


