| |

Отворање на спомен-соба – музеј на Македонското општинско радио „Радио Демир Хисар“

Општина Демир Хисар утре ќе биде домаќин на значаен културно-историски настан – свеченото отворање на спомен-собата, односно музејот на Македонското општинско радио „Радио Демир Хисар“. Настанот има за цел зачувување и промоција на историјата, традицијата и културното наследство на ова значајно медиумско гласило, кое децении наназад било дел од секојдневниот живот на граѓаните.

Во рамките на промоцијата, посетителите ќе можат да ја видат поставката со оригинални материјали, документи, фотографии и опрема, кои сведочат за развојот и улогата на „Радио Демир Хисар“ во општината и пошироко.

Општина Демир Хисар со овој проект покажува континуирана грижа за зачувување на локалната историја и култура, притоа создавајќи нов простор за едукација и информирање на идните генерации.

Свеченото отворање ќе се одржи на 19 септември (четврток) во 12:30 часот во просториите на музејот, а присутни ќе бидат претставници на локалната самоуправа, културни работници, медиуми и граѓани.

Слични Објави