Заврши 10-тиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

РК Еурофарм Пелистер Шампион

Во спортската сала во Прилеп вчера вечер заврши 10-тиот меморијален турнир во ракомет „Миле Нешкоски“. Настанот, кој традиционално се одржува во чест на прерано починатиот ракометар, не претставува само спортска манифестација, туку и силна симболика на спомен, почит и љубов кон Миле, чиј дух продолжува да живее во секој напад, секоја одбрана и секоја ракометна топка во градот под Марковите Кули.

Во финалниот натпревар силите ги одмерија РК Прилеп и РК Еурофарм Пелистер 2. По возбудлива и борбена игра, победата им припадна на битолчани, кои успеаја да ја совладаат домашната екипа. И покрај поразот, прилепските ракометари покажаа спортски дух и лавовска борба до последниот свиреж на судијата, оставајќи впечаток дека Миле навистина продолжува да живее преку нивната игра.

Слични Објави