ПО ПРИЈАВА НА ГРАЃАНИН, ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИЛА НЕЛЕГАЛНО ИСЕЧЕНИ ДРВА
Утрово кај Дервен и Студенци се краделе дрва, Шумската полиција реагираше по пријава од граѓанин
На потегот меѓу населените места Дервен и Студенци, биле забележани лица со патнички возила – како незаконски сечат и товарaт дрва од шумскиот појас.


Благодарение на навремена пријава од совесен граѓанин, екипа од Шумската полиција веднаш излегла на терен. По кратка потрага, биле лоцирани дрвата кои претходно биле отсечени и подготвени за транспорт.
Овој инцидент уште еднаш го потврдува значењето на будноста и соработката помеѓу граѓаните и институциите во заштитата на шумското богатство.
Ако забележите нелегални активности во шумите – пријавете ги. Природата е наша заедничка одговорност.



