КК Бонсаи – Прилеп со 12 медали од Кочани
Карате клубот Бонсаи од Прилеп настапи на турнирот во Кочани, организиран во чест на 63-те загинати, со четворица натпреварувачи во дисциплините кати и кумите.
Прилепските каратисти во текот на денот остварија стабилни настапи и забележаа значајни резултати, освојувајќи вкупно 12 медали.
Турнирот помина во добра организација и спортска атмосфера, со учество на повеќе клубови од земјата.
Со овој настап, КК Бонсаи Прилеп го продолжува континуитетот на резултати и активното учество на домашната карате сцена.



