Започна нова фаза на регионалниот проект за економско вклучување и правда за жените – потпишан трипартитен договор со ЛАГ Агро Лидер и CARE International
Со потпишување на трипартитниот договор, официјално започна новата фаза на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ (EWIProject), кој има за цел економско зајакнување на жените во Северна Македонија и поширокиот регион.
Локалната акциона група (ЛАГ) „Агро Лидер“ од Кривогаштани и меѓународната организација CARE International Balkans, како главен имплементатор, се новите партнери на терен кои во наредните две години ќе работат интензивно на активности насочени кон подобрување на општествената и економска положба на жените.
Проектот е поддржан од Austrian Development Agency (Австриската агенција за развој), и предвидува вклучување на повеќе од 500 жени, мажи, институции, локални и национални чинители, како и засегнати страни од различни општествени сфери. Нивното активно учество ќе биде клучно за создавање поволна и инклузивна средина за економски развој.
„Ова партнерство е чекор напред кон системски пристап за креирање реални можности за жените – не само како индивидуи, туку и како двигатели на локалниот развој“, стои на страната од CARE International Balkans.
Инаку, проектот EWI покрај во Македонија,ј се спроведува и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, во соработка со партнерските организации:
🔹 ENECA (Србија)
🔹 Inovaciono preduzetnički centar Tehnopolis (Црна Гора)
🔹 LINK Poduzetnički centar (Босна и Херцеговина)
Преку размена на добри практики и заеднички регионални иницијативи, проектот има за цел да влијае долгорочно и одржливо, создавајќи мрежа на економски оснажени жени кои ќе придонесат за порамноправно и праведно општество.



