ВРЕМЕТО ТЕЧЕ, НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА. ДОГОВОРИТЕ ТРААТ КОЛКУ МАНДАТОТ НА „НАШИТЕ“

120 вработени со Договор на дело во прилепската болница од денеска останаа без работа, државата не им ги продолжи договорите. Револтирани тие излегоа на протест. Велат дека иако според Договорот за да бидат отпуштени од работа требало да бидат известени минимум 1 месец пред да се случи тоа, тие биле избркани преку ноќ, без никаква најава. Бараат да им се плати месец јануари, затоа што договорите им биле до 31.12.2024 и бараат да се реши нивниот статус. Некои од нив се дури и по 7 години со Договор на дело.

Луѓето кои останаа без договор, велат дека ќе простестираат до решавање на нивниот проблем, а од болницата дека се немоќни, затоа што немаат согласност за вработување од државата.

Слични Објави