„Ветена земја“ – историска драма во киното „Мис Стон“
НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ја најавува проекцијата на филмот „Ветена земја“, која ќе се одржи на 20 ноември 2025 година (четврток) со почеток во 19:00 часот во киното „Мис Стон“.
Влезниците може да се набават на билетарницата на киното секој работен ден од понеделник, во термините 10:00–13:00 часот и 17:00–19:00 часот, како и еден час пред проекцијата.
За филмот „Ветена земја“
Историската драма го следи животот на Лудвиг Кален, дански војник и истражувач кој во средината на 18 век се впушта во истражување и обработка на суровиот и недопирлив дански див Јитланд – регион кој денес опфаќа најголем дел од Данска. Филмот ја прикажува неговата борба со природата, власта и сопствените убедувања, во обид да создаде нова, „ветена“ земја.
Оригинален наслов: Bastarden
Режија: Nikolai Arcel
Улоги: Mads Mikkelsen, Amanda Collin
Премиера: 17.10.2024
Времетраење: 127 минути
Земја: Шведска, Данска, Норвешка, Германија
Жанр: историска драма, биографски
Категоризација: Четврта категорија



