Василица одбележана со традиционален оган и паричка на плоштадот „Цар Самоил“ (Видео)
Синоќа, на плоштадот „Цар Самоил“ во духот на традицијата, беше одбележан празникот „Стара Нова Година – Василица“. Настанот ги собра граѓаните кои со василичарски оган и свеченото кршење на печивото со паричка го прославија овој ден. Најсреќниот момент го имаше Ленче Ѓоргиевска, која ја пронајде паричка во печивото, што според обичаите носи среќа, здравје и…



