Небезбедни услови на улица во Прилеп – без предупредувачка сигнализација, отворени шахти и пријавени оштетувања на возила
На коловозот се поставени камења обоени во плава боја, очигледно со цел да бидат забележливи како предупредување за возачите. Сепак, според состојбата на теренот, нема поставена соодветна дополнителна предупредувачка и привремена сообраќајна сигнализација која јасно би ги предупредила учесниците во сообраќајот за препреките и изменетиот режим на движење. На дел од улицата кај кружниот тек…


