Во Прилеп одбележан Денот на бакалите, Свети Три Светители
Денес во Прилеп во храмот „Св. Благовештение“ беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. Владиката Петар чиноначалствуваше со литургијата. Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф којашто верно…


