Битолчани добија по едно кафе на „Широк сокак“ за штетите од земјотресот
Битолчани со силен револт реагираат откако деновиве на нивните сметки почнаа да пристигнуваат првите исплати за штетите од земјотресите во јануари 2022 година. Наместо реално обештетување, граѓаните добиваат симболични суми – 81, 192, 357 или неколку стотици денари – што предизвика бран негодување и лавина реакции на социјалните мрежи. Владата донесе одлука да обезбеди парична…


