Отворен Саемот на книги „Светот во страници“
Во рамките на Битфест 2025, под мотото „Светот во страници“, на платото пред Народниот театар во Битола беше отворен саемот на книги. Настанот има за цел да го доближи пишаниот збор до читателите од сите возрасти – од најмладите, до љубителите на стручна, научна и белетристичка литература. На саемот учествуваат седум издавачки куќи и институции:…


