Спасен е манастирот. Пожарот над Прилеп ставен под контрола
Според информацијата на Центарот за управување со кризи пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола.
Доцна во ноќта спасен е манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат. Има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна. Стои во соопштението од ЦУК .
Во моментов во прилепско има 4 активни пожари на различни локации.
Вечерва, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески упати апел до сите граѓани, да не се потпалуваат стрништа.
„Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови! Нашите противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија. Прилепската територија е една од најголемите во Република Македонија и потребно е нашите екипи да бидат максимално ефикасни и безбедни во својата работа. Секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти. Да бидеме совесни и одговорни! Заедно можеме да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашата заедница од потенцијалните опасности.“
Фото од 29.07.2024 (општина Прилеп)