ВО САБОТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА МАРКОВИ КУЛИ
Во сабота, на 21 март, ќе се одржи акција за пошумување на локалитетот Маркови Кули во Прилеп.
Општина Прилеп, за потребите на акцијата, набавила 6000 дабови садници, како и соодветна опрема за садење, која ќе ја користи ЈКП „Комуналец“. Акцијата се реализира со поддршка од Бирото за регионален развој, во рамки на проектот „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули“.
Поаѓањето е предвидено во 09:00 часот од пред Општина Прилеп, а за сите заинтересирани граѓани ќе биде обезбеден организиран превоз.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да дадат придонес во заштитата на животната средина.


