Скок за 12 позиции на ВТА за Лина Ѓорческа
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи значителен исчекор на најновата ВТА-листа, напредувајќи 12 позиции по своите први настапи во 2026 година.
Ѓорческа настапи во квалификациите за Австралија опен, каде што успешно мина едно коло, а потоа забележа победа и на Челинџер турнирот во Порто, што ѝ донесе нови вредни бодови и напредок на ранг-листата.
Со тоа, македонската тенисерка повторно се најде меѓу најдобрите 200 во светот, и моментално се наоѓа на 193. место на ВТА-листата. Во наредниот период нејзина цел ќе биде приближување до својот најдобар пласман во кариерата – 170. позиција.
Оваа недела Ѓорческа нема турнирски обврски и ќе ја искористи паузата за подготовка за следните настапи.



