|

Првиот ден со „Сејф сити“ 500 прекршоци

Системот „Безбеден град“ на првиот ден од официјалната примена, 1 февруари 2026 година, евидентирал околу 500 сообраќајни прекршоци, што претставува драстично намалување во споредба со тест периодот пред два месеци, кога биле регистрирани над 120.000 прекршоци.



Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вонредно видео обраќање до граѓаните.

„Благодарение на совесните учесници во сообраќајот, бројот на прекршоци е намален од над 120.000 на околу 500. Истовремено, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди е намален за околу 35 отсто на територијата на СВР Скопје, а бројот на смртни случаи е намален од 11 на четири“, истакна Тошковски.

Министерот информираше дека вчера ја посетил командната просторија на системот „Безбеден град“ во СВР Скопје, од каде што официјално започна оперативното функционирање на проектот.

Од 1 февруари, системот „Безбеден град“ е активен на територијата на Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10. Прекршоците детектирани од паметните камери автоматски ќе бидат санкционирани.

Системот ќе регистрира четири вида сообраќајни прекршоци:
– непрописно паркирање
– пречекорување на дозволената брзина
– минување на црвено светло
– управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Слични Објави