„Силјан Штркот“ по 6ти пат ќе слета на театарската сцена во Прилеп
Прилеп се подготвува да ја отвори својата културна сезона за најмладите. На 15 септември, со почеток во 18:00 часот, ќе започне шестото издание на театарскиот фестивал „Силјан Штркот“. Организиран од „Мал Прилепски Театар“, фестивалот и оваа година ветува многу забава, едукација и култура за сите деца.
Во фестивалските денови, публиката ќе има можност да проследи квалитетни театарски претстави од различни театри од земјата, да учествува во креативни работилници и да ужива во други придружни настани.





„Сиљан Штркот“ е еден од најважните настани во Прилеп посветен на децата. Неговата цел е да ја развива љубовта кон театарската уметност уште од најмала возраст и да создава културни вредности кои ќе останат долго во меморијата на публиката.



