Боксерите на БК „АС“ Прилеп со шест медали на Државното првенство во Скопје

На 32. Државно првенство во бокс, кое се одржа во Скопје, боксерите на Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп, остварија одличен резултат, освојувајќи вкупно шест медали.

Прилепскиот клуб се закити со две златни, две сребрени и две бронзени одличја, потврдувајќи ја својата квалитетна работа и присуство во македонскиот бокс.

Освојувачи на медали се:

🥇 Амет Бузески – прво место
🥇 Давид Карапеев – прво место

🥈 Валентин Стризлоски – второ место
🥈 Лука Коруноски – второ место

🥉 Мартин Трајкоски – трето место
🥉 Илин Димоски – трето место

Од БК „АС“ Прилеп упатија честитки до своите натпреварувачи за постигнатиот успех и за достојното претставување на клубот и градот на најголемото домашно боксерско натпреварување.

Успехот на младите боксери е уште една потврда дека Прилеп продолжува да создава талентирани спортисти и да остварува забележителни резултати на националната спортска сцена.

Слични Објави