ПЕКОЛ ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ
Балканот и делови од Источна Европа се под топлотен бран од почетокот на јули, а се предвидува дека горештините ќе траат уште две недели, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe (СВЕ).
– Ова е историски топлотен бран со дневни температури кои го надминуваат прагот од 40 степени Целзиусови. Најинтензивен е на Балканскиот Полуостров и во Источна Европа. Морињата во медитеранскиот регион исто така стануваат жешки и на места достигнуваат 30 степени Целзиусови, соопшти СВЕ.
Според прогнозите на глобалните временски модели, температурите низ јужна и источна Европа во текот на јули ќе останат далеку над просекот. За Балканскиот Полуостров се предвидуваат рекордни вредности за оваа недела, пишува SWE. Температурите достигнаа над 30 степени во многу области, а во последните денови над 40 степени се регистрирани во Романија, Србија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Македонија и Грција.
Јули е познат како најтопол месец на летото, но температурите деновиве и следните седум до 10 дена ќе бидат значително повисоки од просечните. Дневниот просек во многу региони ќе биде за околу 10 степени повисок од просечните, најавува СВЕ.