ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ТОНИ ГЕЏО НИ ГО ДОНЕСЕ МЕЛБУРН ВО ПРИЛЕП (видео)
Синоќа во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп, беше отворена изложбата на фотографии „Поезија во движење“ на прилепчанецот Тони Трипуноски – Геџо.
Фотографии направени по раздвижените улици на Мелбурн, каде многубројни култури се испреплетуваат и најразлични приказни се развиваат, поточно во областа Footsccrey, каде работи, пред 6 години започнува со фотографирање.
Неговата фотографија се фокусира во поезијата напишана на лицата на луѓето. Длабоките брчки кои зборуваат за дом, спонтаните насмевки кои ја пробиваат убаната анонимност и внимателните погледи кои откриваат внатрешни светови.
Неговото патување со фотографијата ја отсликува неговата животна филозофија: УЧЕЊЕТО НИКОГАШ НЕ ЗАПИРА!
Презентер на изложбата беше актерот Игор Трпческио, кој прочита и поезија: