(ВИДЕО) ЧЕРНОДРИНСКИ, СЕПАК СИ ДОЈДЕ ДОМА – 59. МТФ
И покрај сите препреки, предзизвици, затворени сали и какви ли не уште премражја и оваа година за 59. пат, се крена завесата на МТФ „Војдан Чернодрински“, под мотото „Смеј се и осмели се!“
Како се постигнува тоа? Само со многу љубов и задоволство, е единствениот одговор! – Ана Стојаноска, уменички директор на фестивалот.
Традиционално и оваа година, на отворањето беа доделени наградите за животно дело, а лауреати за оваа година се Снежана Коневска – Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски.
Овогодинешното издание започна со претставата „12“ на Македонскиот народен театар, во режија на Синиша Ефтимов