ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ – Голем одрон го блокира патот Ресен – Стење
Регионалниот пат Ресен – Стење утрово е целосно блокиран поради голем одрон што се случил на регионалниот пат Р 1307 с.Царев Двор – с.Отешево, кај с.Сирхан м.в.Пиргон (Ресен)
Од 07:55 часот движењето е стопирано во двата правци, а на терен работат екипи на надлежните институции.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да го избегнуваат овој правец, бидејќи моменталните услови не дозволуваат безбедно сообраќање. Во тек е расчистување на камењата и земјиштето, по што ќе се работи на повторна нормализација на сообраќајот.
Одговорните служби најавуваат дека јавноста ќе биде навремено известувана за состојбата и за тоа кога патот ќе биде повторно отворен за возила.



