|

Измени и дополнувањата на Буџет на Општина Прилеп за 2024 една од точките на 47-мата седница

Денеска се одржа 47-ма седница на Советот на Општина Прилеп, и ова седница се пренесуваше во живо на youtube каналот од општина Прилеп. На Дневен ред беа 29 точки, и дополнет со уште 3 точки.

Советниците на денешната 47 седница на Советот на Општина Прилеп на дневен ред ја донесоа одлуката за престанок на мандат на член во Советот на општина Прилеп и одлуката за верификација на мандат на нов член во Советот на Општина Прилеп.
Ваквата промена е направена поради преземањето на функцијата директор на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ – Прилеп од страна на Кире Јоноски, од редовите на владејачката советничка група на ВМРО – ДПМНЕ, и неговата поднесена оставка за советничкиот мандат, а на негово место е верификуван мандатот на Александар Алексоски, кој беше следен според советничката листа на од локалните избори во 2021 година.


Покрај промената во советничките редови, советниците одлучуваа и по други точки од дневниот ред.

Тие денеска дадоа согласност за измена и дополнување на:

  • решението за формирање комисија за општествени дејности и права на децата,
  • за измени и дополнувањата на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година,
  • за измени и дополнувања на програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година,
  • согласност за измени и дополнувања на планот на развојните програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година.
  • Со мнозинство на гласови беше усвоена и предлог-одлуката за утврдување на приоритет на проектот “Изградба на фабрика за рециклирање на отпад„.
    На денешната седница пред советниците, пред стартот на новата учебна година, се најдоа и беа разгледани годишните извештаи за работа за 2023/2024 година и годишните програми за работа за учебната 2024/2025 година на сите основни училишта во Општина Прилеп и беа прифатени од мнозинството советници.

Во продолжение видео од седницата…

Слични Објави