ОПШТИНИТЕ ДЕМИР ХИСАР И РЕСЕН – ОПШТИНИ СО НАЈВИСОК ИНТЕГРИТЕТ !
Во делот на општини, според Извештајот за следење на системот на интегритет, изготвен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, Општина Демир Хисар со 81,2 % исполнетос на критериумите е водечка општина во примената на системот на интегритет за 2024 година. И оваа година како и претходните, Општина Демир Хисар го завзема првото место, а тоа претставува потврда за јакнењето на личниот и институиционален капаците на вработените и раководството на општината. Веднаш зад општина Демир Хисар е општина Ресен со 70,2 % исполнетос.

Извештајот за следење на системот на интегритет покрај локалната самоуправа ги опфаќа, централната власт и институции од правосудниот сектор.
Што покажуваат податоците?
Мониторингот го опфати:
- 72 институции од централната власт,
- 72 единици на локалната самоуправа,
- 16 институции од правосудниот сектор.
Од нив:
- Само 50 институции од централната власт ја исполнија обврската за пополнување на прашалникот,
- 38 општини одговорија целосно,
- Само 6 правосудни институции го спроведоа процесот на мерење.
Со тоа, ДКСК ги идентификува и институциите кои покажуваат сериозна ангажираност, како и оние кај кои има простор за значително унапредување. Оваа бројка говори за напредок, но истовремено и за предизвик, кој нѐ повикува на заедничка мобилизација и решителна акција.
Кои институции се најдобро рангирани?
Во духот на објективност и вреднување на постигнувањата, ДКСК ја презентира ранг-листата на најуспешни институции според степенот на имплементација на системот за интегритет.
Врвот го заземаат:
🏆 Државен завод за ревизија – 92,3%
🏆 ДКСК – 82,31%
🏆 МАПАС – 80,77%
🏆 Министерство за внатрешни работи,
🏆 Царинска управа – 77,3%
Линк до извештајот веб страната на државната комисија за спречување на корупција: https://dksk.mk/