ОД НУЛА ДО КУЛТУРА – ПРОЕКТ ЗА МУЗИЧКА И КУЛТУРНА НАОБРАЗБА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП
Проектот на Општина Прилеп насловен Од нула до култура е вграден и ќе се реализира согласно годишната програма за култура за 2023 година.
Проектот е насочен кон младите и токму затоа неговото одржување е за време на училишниот распуст, еднаш седмично во континуитет.
Имено, станува збор за настап на локални музички групи на Камената бина во центарот на Прилеп, со концерти насловени Tribute to…
Значи концерти посветени на великани во музиката од светската популарна поп и рок култура, кои имаат големо влијание врз културна наобразба на секој човек.
Планирани се околу 10 засебни настани, почнувајќи од 22.06. па се до крајот на месец август.
Примарна цел на овој проект е да влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина во едно случување од поголеми размери со обезбедување на повеќе средства во програмата.
Досега потврдени настапи:
22 јуни CROSSROAD
29 јуни NO CIGARETS
06 јули The FOUR
13 јули ROCK BLUES BAND
20 јули The SCHMUCKS
26 јули The HOUNDS
Повеќе информации на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1326383268222807/1326383368222797?active_tab=about
Автор на проектот : Кире Конески
Реализатор на проектот : Општина Прилеп