|

ИМАМ ПРАВО ДА СЕ ХРАНАМ ЗДРАВО

Се разбира, секој има право да се храни здраво. Здравата исхрана е важна за одржување на добро здравје и енергија и вклучува јадење на разновидна храна богата со витамини, минерали и влакна и ограничување на преработената и слатка храна. Правилните навики во исхраната можат да ја подобрат вашата физичка и ментална благосостојба.

По повод Светската недела на детето денеска во посета на третооделенците кај наставниците Кети Стевананџија и Тони Ташкоски беше Филип Димкоски, агроном, поет и градинар.

Двочасовната дружба беше исткаена со стихови и интересни факти за зеленчукот и за овошјето, видео материјали и музичка изведба на учениците.

По дегустирањето на овошна и зеленчукова салата која беше подготвена на часот со продукти од Градината на Филип учениците правеа изработки од пластелин, цртежи и лични поетски творби.

Научивме дека секое дете има право на здрава храна, а најздрава е храната што ќе ја произведеме сами или ќе ја набавиме од локалните производители.

#светсканеделанадетето

фото : ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп

Слични Објави