Нова интернет измама, не наседнувајте! Скопски Аеродром не продава за едно евро заборавени куфери
Уште една во низата измами се појави на социјалните мрежи. Овој пат, наводно меѓународниот аеродром Скопје ги продава заборавените куфери кои им стојат повеќе од 6 месеци по цена од едно евро, за да си го ослободи просторот. Кликнувањето на објавата води кон прашања со кои „докажувате“ дека сте вистинска личност, а потоа и кон уплатата од едно евро.
– Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот Aеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, а понатаму, корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција. Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени – велат од ТАВ Македонија.
„Почитувани патници и следбеници на Фејсбук-страница на Меѓународниот аеродром Скопје.
Би сакале да ве известиме, а во исто време и да ве предупредиме, дека, за жал, повторно се појавија нови лажни Фејсбук страници и профили, а преку нив и линкови на веб-страници, преку кои се шират невистинити информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
Апелираме до сите вас да бидете внимателни, особено кога од вас се бара да внесете лични податоци и детали од трансакциски сметки, што може да бидат злоупотребени.
ТАВ Македонија како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ги презема сите достапни правни мерки во врска со овие лажни објави.
Сите официјални информации и вести во врска со и за Меѓународниот аеродром Скопје, можете да ги најдете на веб-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/
Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://www.facebook.com/SkopjeAirport
Инстаграм https://www.instagram.com/skopjeairport/
Твитер (X) https://x.com/skopjeairport
Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност. “ стои во официјалнната ОБЈАВА НА ФБ