Намалена видливост до 50 метри на планинските превои
Магла и влажни коловози – внимателно возење на планинските превои
Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми, но коловозите на повеќе места се влажни, информираат надлежните служби.
Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Плетвар, Ѓавато, Сража и Крушево.
Од службите додаваат дека екипите се на терен и ги следат условите, а сообраќајот во целост се одвива непречено, без регистрирани застои.



