Лежерно интервју со Аризанкоски – Њам Њам (ВИДЕО)
Во денешната емисија на „Лежерно интервју“ зборувавме со Александар и Милена Аризанкоски кои храната ја прават посебна и создаваат убави трпези и незаборавни вкусови.
Нè запознаа со тоа како изгледа еден нивни ден – од раното станување, подготовките, до сервирањето на храна што изгледа и има вкус како од сон. Ни раскажаа кои јадења се најбарани и како секогаш се обидуваат да направат нешто ново и вкусно.
Најважно за нив е сè да се направи со љубов. Кога храната се подготвува со срце – тогаш сите се среќни и задоволни.



