Никола Павлески победник на шаховскиот турнир „Пелагон 2026“

Никола Павлески го освои првото место на Првиот рејтинг рапид турнир „Пелагон 2026“, на кој учествуваа 20 шахисти од Прилеп, Долнени, Крушево, Битола и Кавадарци.

Павлески заврши со 6,5 поени, исто колку што освои и второпласираниот Тони Кироски. Третото место го поделија Исмаил Ахмеди и Дејан Ѓорѓиески со по 5,5 поени.

Награди добија и Давид Маркушески, како најдобар младинец, и Един Ахметовиќ, како најдобар шахист од општина надвор од Прилеп.

Турнирот се играше во осум кола по швајцарски систем, во просториите на шаховскиот клуб во старата прилепска чаршија.

Организаторите најавуваат почесто одржување вакви турнири, најмалку двапати месечно, како и градско првенство на Прилеп во сите категории и екипна бизнис-лига.

Слични Објави