МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ – Лука Смилев
Амбициозните и успешни деца пред нив имаат голем број можности преку кој може да патуваат, да стекнуваат нови искуства и да се надоградуваат преку различни програми. Еден од тие млади е Лука Смилев кој што учестуваше на една таква програма.
Една од програмите во кои учествува Лука е Еразмус плус. Преку оваа програма, тој има можност да истражува различни земји, култури и образовни системи, што му дава привилегија да го прошири своето светско гледиште. Секоја нова дестинација му нуди нови предизвици и можности да се среќава со луѓе од различни делови на светот, да учи нивни традиции и начин на живот, и да ги споделува своите искуства со нив. Ова му дава неверојатна можност да се развива како личност и да ги надоградува своите вештини во меѓународен контекст.
Лука не се задоволува само со патување и искуства преку Еразмус плус. Тој активно учествува во различни програми и иницијативи кои го поддржуваат во постигнувањето на своите цели. Една од тие организации е АГТИС каде што ги надоградува своите вештини за снимање и новинарство.
Исто така Лука неуморно учествува на најразлични натпревари на кој освоил различни награди од кој и прво место на тема Циркуларна економија.
Со секое ново искуство и програма во која учествува, Лука го открива потенцијалот во себе и ги отвора вратите кон безброј можност за успех и напредок. Неговата посветеност, страст и амбиција го прават восхитувачки пример за младите луѓе и ни покажува дека нема граници кога станува збор за достигнување на своите соништа и цели.