|

Пожарот кај Алинци сè уште активен – Загадување од пожарот

Општина Прилеп со апел до граѓаните.

Веќе четврт ден во тек е акцијата за целосно гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Во изминатите три-четири дена, под координација на ЈКП Комуналец, со максимална ангажираност и координација, работиме на справување со оваа состојба.

Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.

Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот.

Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и Ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација.

Слични Објави