Меѓународен ден на џезот 2025 во Битола. Концерт на Филип Динев Трио во среда 30 април 2025 година.
Porta Jazz Битола со почеток во 22.00 часот. Влез слободен.
Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.
Филип Динев – гитара/композиции
Андреа Мирчевска – контрабас
Дамјан Грујо – тапани
Настанот е поддржан од Општина Битола – официјална страница