МАЈСКА НЕРАБОТНА АКЦИЈА
На 1 и 2 Мај на вила „Ана Плетварска“, најпозната меѓу прилепчани како „Кај Хемфрио“, за прв пат ќе се одржи алтернативен фестивал со наслов „МАЈСКА НЕРАБОТНА АКЦИЈА“. Ќе настапат бендови и диск-џокеи кои ќе ни понудат различна забава од онаа класичната, на кои сме навикнати за Велигденско-Мајските празници.
Организатори се неколку прилепски млади дечки, кои што сакаат да додадат уште еден мирис, уште еден цвет на пролетта во Прилеп. Ветуваат незаборавни два дена и спомени што ќе ги паметиме долго. Наше е да отидеме и да им дадеме шанса да го исполнат ветувањето!
Среќен почеток „НЕРАБОТНИЦИ“ !