(видео)„Сенките на книгата“ со Марија Кулеска – Еп.1 А.П. Чехов
otv.mk, во соработка со Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп, со особено задоволство го претставува новиот проект „Сенките на книгата“.
Автор на проектот е Марија Кулеска, професорка по англиски јазик и книжевност, која низ кратки и прецизни анализи ги доближува најдобрите светски класици и најзначајните македонски поети и писатели.
„Сенките на книгата“ нуди современ, јасен и младински пристап кон делата што ја обликувале светската и домашната книжевност – од безвременски романи до антологиски поезии. Наместо сувопарна лектира, проектот нуди контекст, симболика, скриени пораки и нов агол на читање.
Целта е јасна – да ја приближиме книгата до младите, да поттикнеме љубопитност и критичко размислување, и да покажеме дека класиците не се минато, туку жива мисла што и денес зборува гласно.
Следете нè. Книгата има сенки. А во сенките вистини, што чекаат да бидат откриени.



