По 9-ти пат “Рок хепенинг Демир Хисар”
Вечерва, 14 август со почеток во 21:00 часот, на Градскиот плоштад во Демир Хисар по 9-ти пат ќе се одржи музичката манифестација “Рок хепенинг Демир Хисар”.
Ќе настапат:
- Културно уметнички работници – (Скопје)
- Игор Станоeски /Igi man blues trio/ – (Скопје)
- Marvels – (Битола – Ресен)
- Revelation – (Демир Хисар)
Музичката манифестација “Рок хепенинг Демир Хисар”, е во рамките на овогодинешното Демирхисарско културно лето, во организација на Општина Демир Хисар и Дом на културата “Илинден”.