Витаминка и ФФМ со здружени сили – поттикнување на здрав живот и спортски вредности кај децата
Компанијата Витаминка и Фудбалската федерација на Македонија ги здружија силите во мисија за поттикнување на здрав живот и спортски вредности кај децата.
Во насока на својата долгорочна заложба за здравјето и добросостојбата на младите генерации, компанијата Витаминка започна ново партнерство со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Оваа соработка е во интерес на децата и има за цел поддршка на Детската фудбалска лига – најголемата младинска спортска иницијатива во земјата, која инспирира илјадници деца да ги следат своите спортски соништа.
Преку ова партнерство, Витаминка и ФФМ ќе работат заедно на промоција на здрави навики, спортски вредности и развој на младите фудбалски таленти низ цела Македонија. Производите на Витаминка, специјално дизајнирани за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на лигата, потсетувајќи на значењето на балансирана исхрана и физичка активност уште од најмала возраст.
„Со гордост стануваме дел од фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, Витаминка ќе биде уште поблиску до децата и нивните семејства, придонесувајќи за нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство е продолжение на нашата трајна посветеност кон заедницата и спортот.“ изјави Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка.
Од ФФМ истакнуваат дека партнерството со Витаминка претставува заедничка инвестиција во иднината на спортот и младите генерации – деца кои растат со вредности како што се фер-плеј, тимска работа и почит.
Заедно, Витаминка и ФФМ ќе создаваат силна и инспиративна средина за младите спортисти и ќе придонесат кон градење на здраво, активно и посветено општество.