Абрашоски во оставка – Кој ќе го наследи во ЈП„Комуналец“?
Директорот на ЈКП Комуналец Прилеп, Рубин Абрашоски, поднел оставка од функцијата директор на јавното претпријатие. Оставката ја поднел во текот на вчерашниот ден.
Абрашоски стана директор на најголемото јавно претпријатие, со промената на локалната власт во 2021 година, кога функцијата градоначалник ја презеде Борче Јовчески. Во изминатите 4 години е познато дека претпријатието тоне во долгови и Прилеп имаше сериозен проблем со одржувањето на јавната хигиена.
Веста ја ОТВ потврдија извори од ЈП„Комуналец“ Прилеп



