GENERALKA WEEKEND 2025 – Могила
Во општина Могила денес се организира акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2025“. Во акцијата учествуваа комуналното претпријатие Пела хигиена Могила, општинската администрација, основните училиштата и сите граѓани кои се приклучија и дадоа свој придонес за поубава и почиста општина Могила.
Целта е да се собере што повеќе отпад и се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање од отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина. Могила заслужува да биде чиста а за тоа сме потребни сите заеднички да бидеме совесни и одговорни.