|

ФОРУМ ЗА СОРАБОТКА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВРСКАТА МЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО И БИЗНИСОТ

Денес, со почеток во 10 часот, во просториите на Економскиот факултет во Прилеп се одржа Форум за соработка меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните, познат како модел QUADRUPLE HELIX.



Форумот беше насочен кон размена на искуства меѓу различните засегнати страни, со фокус на идентификување на реалните потреби на пазарот на труд и очекуваните компетенции што студентите треба да ги стекнат во рамки на секоја студиска програма. Воедно, беа дефинирани и конкретни, одржливи модалитети за продлабочување на соработката меѓу Факултетот и реалниот, како и јавниот сектор.

Настанот со своето присуство го збогатија ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола“, градоначалникот на општина Прилеп, како и бројни претставници од бизнис-заедницата, алумни и студенти на Економскиот факултет.

Организаторите истакнаа дека ваквите форуми се клучни за унапредување на квалитетот на високото образование, подобра вклученост на студентите во практичната настава и создавање кадри подготвени за современиот пазар на труд.

Слични Објави