Прилепчанец на европско првенство во Франција

Од 1 до 5 октомври во регионот Drôme Ardèche, Франција, се одржува Европското првенство во друмски велосипедизам. Македонија годинава ќе има свој претставник во јуниорската категорија – прилепчанецот Константин Костоски.



Утре, на 3 октомври, Костоски ќе настапи во јуниорската друмска трка која започнува во 15:35 часот. Патеката е долга 103,4 километри со вкупна елевација од 2.000 метри, што ја прави исклучително тешка и предизвикувачка.

На стартот ќе се појават 150 јуниори од 38 држави, а Константин ќе биде единствениот македонски велосипедист кој ќе ги брани националните бои.

Слични Објави