Европски денови на културно наследство – тема „Патишта, мрежи и врски“
Во Понеделник 23. Септември започнуваат Европските денови на културно наследство со тема „Патишта, мрежи и врски“.
Деновите на европското културно наследство (ЕДКН) се значаен културен настан кој ја промовира заедничката историја и културно наследство на Европа. Оваа иницијатива, започната од Советот на Европа во 1985 година, има за цел да го направи културното наследство достапно за сите граѓани, создавајќи свест за неговото значење и важноста од неговото зачувување.
Со учеството на Европската унија од 1999 година, оваа иницијатива стана заедничка акција која секоја година во септември организира настани во рамките на Европската културна конвенција. За време на овие денови, културни споменици, локалитети и институции низ Европа ги отвораат своите врати за јавноста, овозможувајќи им на посетителите бесплатен пристап и можност да научат за нивното културно наследство. Овие настани не само што ја подигнуваат свеста за историјата и традициите, туку ги охрабруваат луѓето да бидат активни во зачувувањето на наследството за идните генерации.
Во Прилеп ЕДКН ќе бидат прославени со богата програмаa на различни локации:
- 23.09. понеделник 11.00 часот
- Настан: „Ченто во училишните библиотеки“ –
- а: „Меморијален музеј 11ти Октомври 1941“ (Участок)
- Реализација: Рубинчо Белчески, кустос советник
- 24.09 вторник 10.00 часот
- Настан: „Македонија – раскрсница на Балканот во минатото“ – предавање и интерактивна работилница
- Локација: едукативен центар и археолошка поставка
- Реализација: Душко Темелкоски, кустос советник
- 25.09. среда 12.00 часот
- Настан: Револутивните изуми и симболичката комуникација во неолитот низ призмата на локалитетот Врбјанска Чука – предавање
- Локација: едукативен центар и археолошка поставка
- Реализација: д-р Гоце Наумов
- 26.09. четврток 11.00 часот
- Настан: “Симболичка акултурација на феноменот на тутунот во Македонија”
- Локација: Музеј на тутун
- Реализација: Александар Цветкоски, кустос советник
- 27.09. петок 11.00 часот
- Настан: Развојниот пат на музејската библиотека и „Сите патишта водат кон Рим“ – презентација Локација: библиотека
- Реализација: Биљана Темелкоска, виш библиотекар и м-р Оливера Јандреска, виш кустос
- 30.09. понеделник 10.00 часот
- Настан: „Современата уметност како инспирација за идните генерации“
- Локација: Лапидариум
- Реализација: м-р Маја Ралева – Миладиновски;
- 01.10. вторник 10.00
- Настан: „Музејски приказни и пучни пораки“ – предавање
- Локација: Археолошка поставка
- Реализација: Габриела Христовска, кустос и Елизабета Иваноска, кустос;
- 02.10. среда 14.00 часот
- Настан: „Уметноста не е нешто – тоа е начин“
- Локација: Завод и музеј- лапидариум
- Реализација: Габриела Христовска, кустос и Елизабета Иваноска, кустос;
- 03.10. четврток 10.00 часот
- Настан: „Отворете ја градската порта“
- Локација: едукативен центар и археолошка поставка – Завод и музеј
- Реализација: м-р Паре Зареска, виш кустос
- 03.10. четврток 10.00 часот
- Настан: Хорски изведби на основношколци на роднокрајни песни
- Локација:Роднокрајна музичка поставка
- Реализација: Лилјана Неделкоска, библиотекар и Маја Џопа
- 04.10. петок 11.00 часот
- Настан: „Накитот низ вековите во Македонија како инспирација за идните генерации“
- Локација: Едукативен центар
- Реализација: м-р Маја Ралева – Миладиновски;