АГРО ЛИДЕР донираа опрема за еко катче и мерни инструменти за СОУ Орде Чопела – Прилеп
Постојаната соработка и доверба помеѓу институциите, училиштата, донаторите и невладините организации носи позитивни резултати. Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Македонската Соларна Асоцијација СОЛАР Македонија денес во склоп на активноста “Мал ама голем климатски херој“ донираа опрема за еко катче и мерни инструменти за СОУ Орде Чопела – Прилеп.
Соработката на организациите со СОУ Орде Чопела е во рамките на проектот „ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ПРАКТИКИ ЗА РЕШЕНИЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“ во чии рамки се спроведуваат заедниички иницијативи насочени кон промовирање на добри практики и решенија кои ќе го намалат влијанието на климатските промени со фокус на земјоделскиот сектор.
*Проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“ е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.