Семејство од Воѓани остана без дом по синоќешниот пожар – изгоре и поголем дел од тутунот
Синоќа во селото Воѓани, во општина Кривогаштани, избувна пожар во кој целосно изгоре семејната куќа на Јане Благадушоски. Во несреќата, за среќа, нема човечки жртви, но материјалната штета е огромна.
Огнот зафатил цел објект, при што изгорела целата покуќнина, а во пожарот е уништен и поголем дел од тутунот кој се наоѓал на таванот на куќата. Тутунот претставувал главен извор на егзистенција за семејството, што дополнително ја отежнува состојбата по настанот.
Глетката по пожарот е вознемирувачка, а семејството останало без кров над глава и без основни услови за живот. Надлежните служби интервенирале на терен, а причините за настанување на пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Во овие тешки моменти, потребна е солидарност и помош. Се упатува апел до сите граѓани кои се во можност да помогнат.
Фото – Македонски тутунари



