Прилеп со концерт на „Луфтанза“ ќе го одбележи Денот на Медитеранот
Општина Прилеп е еден од повеќе од 50 градови што годинава ќе го одбележат Денот на Медитеранот, со организација на бесплатен концерт наменет за сите граѓани. Настанот ќе се одржи на 28 ноември (петок), во кино салата „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“, каде што публиката ќе ужива во бесплатен музички настап на групата Луфтанза….



