Ученици од Битола наградени со 6.000 долари за уред за чист воздух
Шест ученици од Техничкото училиште ЃОРЃИ НАУМОВ – БИТОЛА под менторство на професорката Александра Колевска-Јовановски, освоија прво место на хакатонот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Тие развија уред со напредни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, поврзан со апликација која овозможува следење на загаденоста во реално време. Тимот напорно работеше…



